Почетна / Балкан / Не 4, не 5, туку шест години затвор за Иво Санадер

Не 4, не 5, туку шест години затвор за Иво Санадер

Поранешниот премиер и водач на ХДЗ, Иво Санадер, е осуден на шест години затвор по жалбата на обвинителството на првичната пресуда од 4,5 години затвор во случајот „Планинска“. Новата одлука ја донесе Врховниот суд.

Поранешниот премиер казната ќе ја издржува во затворот Реметинец. Во исто време, тој мора да врати 15 милиони куни на оштетените.

– Накратко, од образложението произлегува дека обвинетиот Иво Санадер сега е осуден на затворска казна поголема од пет години. Со тоа се исполнети условите за одредување на т.н. задолжителен истражен затвор. Сега судијата треба да издаде налог за испорачување на обвинетиот, што значи дека веќе денес Санадер ќе треба да биде испорачан, изјави портпаролот на окружниот суд на Загреб, Крешимир Девчиќ.

На една година условен затвор е осуден човекот чија фирма ја зголемила вредноста на зградата, како и Фиолиќ, кој ја призна вината.

„Сметаме дека во овој случај станува збор за еден од најтешките облици на политичка корупција и дека изречените казни се премали“, изјави заменик-државната обвинителка Тамара Лаптош.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *