Радио Штип
Избор на Уредникот Македонија

Никој не е виновен.Виновни се СВР и новинарите.

По три години блокада, неколку смени на раководни позиции на здружението на пензионери и јавни обвинувања за криминал, изградбата на Пензионерскиот дом во Штип, може да продолжи. Основното обвинителството  во Штип се откажа од обвинението против  Здружението на пензионери и изведувачот фирмата „Евро градба“ од Владевци.

По ова, Основниот суд во Штип донесе пресуда дека кај инвеститорот и изведувачот, не постоела умисла за бесправна градба и сите градежни активности биле во рамките на основниот проект и деталните урбанистички планови.

Како Основниот суд пресудил дека сите градежни активности биле согласно основниот проеклт и деталните урбаниситчки планови.Првото решение за градба издадено од поранешниот градоначалник Илчо Захариев, се однесува на реконструкција на овој објект некогаше ресторан на ЈНА во постојниот габарит. Здружението на пензионерите и тогашниот градоначалник се обидуваат да замижат со двете очи. Ване “финтата“ сопственикот на Евро градба од Владевци, по нивната директива почнува да надградува.И одеднаш сета активност се стопира, и СВР Штип поднесува кривична пријава.

И по оваа неверојанта пресуда НИКОЈ НЕ Е ВИНОВЕН, според надалеку чуеното по дејанија особено во штитењето на Илчо Захариев, штипското обвинителство се откажува од кривичен прогон, и на пензионерите, а пак поранешниот не смее да се гибне.На обвинителите само што ќе им се спомне името на бившиот кмет, колената ( а и по нешто друго) им се тресат.

Во меѓувреме урбанистите со моќта на политиката, со цел да се дојде до ваков заклучок ли е пресуда ли е, а и себе си да се спасат од непријатности, на избори кога пензионерите треба да одлучуваат ги сменија решенијата.Така излегува.

Објектот стои ама парите на пензионерите, повеќе од 700.000 евра ги нема на сметката.

Збор два и за врските адвокати , суд и пензионери.Во постапката еден од адвокатите е род од прво колено на починатиот претседател на Здружението на пензионерите, вториот адвокат е син на судија во штипскиот суд.

Овој пример на типична македонска правда, за кој пишуваме перманенто, ќе биде мотив ние новинарите да бидеме прогласени за виновни, оти нема кој друг.

Слични Новости

Стопирано градењето на станбени објекти во “Суитлак“

trajce jovanov

Хорхе купил два стана на име на синот, тврди Телевизија 24.

trajce jovanov

Адеми знае за култура од Струга до Куманово

trajce jovanov

Leave a Comment