Почетна / Балкан / Новинарите во право.Хрватската фудбалска федерација треба да плати.

Новинарите во право.Хрватската фудбалска федерација треба да плати.

Вакви случаи, како во Хрватска , има и во нашата држава. . Авторот на овој текст слични случаи имал и во Шитп и во Македонија во минатото од моќнииците во фудбалот. Но, тие секогаш биле посилни само заради тоа што надлежните органи мирно ги следеле овие настани. За љубов на вистината еден полицаец единствено „заглави“ откако имаше реакции од „погоре“ случајот да се испита до крај, и беше парично казнет.Во минатото се случувало не само јас, туку и многу спортски новинари да бидат бркани од спортските терени, од пресови…Затоа, хрватскиот случај е поучен и за новнарите и за и за спортот.
Пред 5 години петмина спортски новинари од „ Индекс“ и порталот „Индекс.хр.“ во Хрватска поднеле тужба против Фрватската фудбалска федерација Со прва одлука на Жупанискиот суд во Вараждин донесена е пресуда во полза на новинарите. Хрватската Федерација се жалела на повисокиот суд во Загреб. На крајот , со конечна пресуда, Хрватската федерација во рок од 15 дена треба да исплати на новинарите 230 илјади куни и плус камаети за пет години. Претседателот на Хрватската федерација Давор Шукер на својата веб страна излегол со соопштение со кое на новинарите на Индекс им забрануѕва пристап до хрватската репреЗентација,, на сите натпревари , тренинзи и прес конференции Исто така, на клубовите, тренерите и играчите
им забранил да соработуваат и комуницираат со новинарите на Индекс. И се заради критичкото пишување на новинарите за Хрватската Федерација, за врхушката, за малверациите, приватизацијата на хрватската репрезентација, што ја спроведувале Шукер и неговиот шеф, сега бегалец Здравко Мамиќ. Судот одлучил дека Давор Шукер не смеел да ги спречува новинарите во известувањето за настаните, да им забранува влез на стадионите, да ја следдат репрезентацата на ЕП и СП. На оваа пресуда се жалела Хрватската фудбалска Федерација, но судот ја потврдил првобитната пресуда. Донел пресуда- Федерацијата да исплати правна отштета од 230 илјади куни, плус камати на петмината новинари.. Сега, наместо Шукер, оваа казна треба да ја плати Федерацијата.
Инаку, се почнало во 2015 година кога Шукер од позади грб физички нападнал еден од новинарите и му го фрлил мобилниот телефон.. Врхушката во Федерацијата се изживувала врз новинарите на Индекс, ги плукале, ги понижувалње пред колегите, ги бркале од стадионите. Судот решил на новинарите да им бидат вратени акредитациите,, да им дозволи пристап на прес конференциите, и да присуствуваат на сите фудбалски натпревари во организација на Хрватската фудбалска Федерација. Хрватската Федерација се жалела дека новинарите работат на штета на хрватските интереси, а судот констатирал дека хрватскиот интерес е Федерацијата да работи според ЗАКОНОТ !
Кирил Манев

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема посебен режим за оние кои сакаат да летуваат во Албанија

Нема да има пречки за оние што сакаат да летуваат во Албанија. Албанскиот премиер, Еди …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *