Почетна / Избор на Уредникот / Новинарството во служба на хвалоспевот и лагата

Новинарството во служба на хвалоспевот и лагата

Многу агли на осматрање-посматрање.Многу перспективи, премногу ракурси и хоризонти.Многу мисли, уште повеќе каења.Овие премиси се однесуваат на нашето новинарство, кое понекогаш наликува како шкрабаници, набрзина срочени, со цел да се задоволи публиката.

И публиката е клучот на проблемот за нашето новинарство.

Публика нема.Весниците и тие што излегуваат колку да се каже, да бидат искрени и да кажат за која и на која публика и пишуваат.

Телевизиите имаат  публика за турски серии колку сакаш, ама не и за новинарството.Тоа е како жена која мора да се трпи.

Ууууф, радио.Се слуша само во автомобил во движење.

Имаме и публика и новинарство за и од модерни медиуми.Портали-партали, твитери-митери, фејсбуци-мејсбуци…

Таму во овие модерниве медиуми, и модерново новинартство имате такви неверојатно подвизи, кои откако ќе ја дознаете вистината , мислите дека се медиокритет, дека сте навредени, дека некој ве прави шекнати.

Сето тоа е дел од миљето на дркаџиското новинарство.

Еј, речиси сите објавија вест за раѓање на петорка во Чешка.

Интересна и атрактивна вест со фотка на среќната мајка.Да интересна, ама ако не беше мувласана веста од лани.Ланска вест ја лансираа мастурбаторите од новинари, кои не знаат дека такво подвалување е навреда за нив, а не за публиката.

Публиката можеби и ќе ја испие чашката на измамата.

Но ,многу бргу ќе дојде до сознанието дека на лагата и се кратки нозете, самовљубени нарциси од новинари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *