Почетна / Бизнис / Нови антиугостителски мерки

Нови антиугостителски мерки

Комисијата за заразни болести, има нови сет на мерки со кои планира угостителските објекти да бидат затворени во 18 часот.Овие мерки ќе стапат на сила на 18-ти овој месец , а ќе завршат на 21-ви јануари следната година.

„Она што го претпоставувавме се случи. Ниедно од нашите барања не само што не беше разгледано, дискутирано или дебатирано или овозможена натамошна дискусија, сите барања претпоставуваме беа отфрлени Ад Хок, затоа што решението за денешното затворање односно ограничување на угостителските објекти беше донесено пред време“, истакна Здравко Јосифовски.
Ова е само фарса пред јавноста, и се докажа дека одлуките што Владата ги наумила без разлика на реалноста ќе бидат донесени, потенцира Јосифовски. Потсети дека нивното барање е да им и да се дозволи, барем за Нова Година да работат до 01 часот, за да може како што вели, граѓаните достојно да ги обележат новогодишните празници. Угостителите реагираат на немањето како што велат, почит од Владата, која од една страна го ограничува нивното работно време, а од друга страна им прави финансиска штета и проблем.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *