Радио Штип
Бизнис

Нови повисоки цени на горивата

Бензините, од ноќеска на полноќ, поскапуваат за два денара, а за денар дизелот и естра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 ќе изнесува 64,5 денари, а литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по 66,5 денари. За литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се плаќа 61 литар, а екстра лесното масло за домаќнство (ЕЛ-1) по 49,5 денари.

За 0,619 денари се зголемува цената на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 32,847 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемени за 2,24 проценти, додека зголемувањето на рафинериските цени е 3,64 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката за новите цени на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

Слични Новости

Подобрување на извозната кондиција на мак.економијата

trajce jovanov

Плати па влези во центарот на Венеција

trajce jovanov

Минималци

trajce jovanov

Leave a Comment