Почетна / Спорт / Одбојкарите на полусезоната на 6-то место

Одбојкарите на полусезоната на 6-то место

Одбојкарите на Штип УГД Штип го завршиja првиот дел во Првата лига на 6 место. Во последната средба во првиот дел, штипските одбојкари во Шtип ја совладаа екипата на Јанта Волеј со максимален резултат 3-0 ( 25-12, 25-21, 25-14) Сите одбојкари на УГД, предводени од тренерот Ванчо Санев заслужија аплаузи за својата игра. Во трите сета, штипјани беа подобри. Тренерот имаше можност да им даде поголема минутажа и на помладите одбојкари кои беа предводени од капитенот Кристијан Ристевски. Одлично играа и Стефан Санев, Дарко Тошиќ Максим Георгиевски, Кристијан Марков, Горги Крстевски, па и најмладите Давид Киров, Михаил Мирасчиев, Кире Глаев. Пролетното првенство на Првата лига почнува на 6 февруари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Никола Нацев

Кик боксерот на штипскиот клуб “Гладијатор“, Никола Нацев, и од штотуку завршеното балканско првенство се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *