Почетна / Избор на Уредникот / Одликашите ќе бидат тестирани за упис во средно училиште.

Одликашите ќе бидат тестирани за упис во средно училиште.

Во сите училишта во кои ќе се пријават повеќе ученици со ист број на поени ќе се организира тестирање.Приемни испити ќе има во сите средни училишта во Македонија каде ќе се пријават повеќе ученици со просек 5.00 од предвидениот број за упис во прва година. Бирото за развој на образованието веќе ги има подготвено тестовите. Секој ученик ќе полага на јазикот на кој го завршил основното образование, велат од Министерството за образование и наука. Во време на вонредна состојба предизвикана од Ковид-19, уписите ќе се организираат во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, врз чија основа ќе бидат изготвени протоколи. Уписите ќе се вршат во три етапи. Првото пријавување и запишување на учениците е закажано за 16 и 17 јуни, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *