Радио Штип
Избор на Уредникот Македонија

Од денес:Република Северна Македонија

Таблите и натписите кои го означуваа досегашното име на нашата држава Република Македонија, почнаа да се симнуваат и во текот на денот ќе бидат заменети со новото уставно име, Република Северна Македонија, согласно постигнатиот и ратифукуван договор меѓу Македонија и Грција.

Прва институција која ќе добие нов натпис Република Северна Македонија е владата. Утрината таа осамна без натписот на главниот влез, а штом ќе биде и официјално пристигната нотата од соседна Грција и објавена во Службен весник, дека Договорот е ратификуван во нивниот парламент, ќе бидат ставени новите букви со натписот на нашето ново државно уставно име.

На граничните премини новите табли со Република Северна Македонија се веќе пристигнати.Името Република Македонија, кое го користевме за домашна употреба речиси 30 години, заминува во историјата. Во историјата заминува и навредувачкиот акронима  Бивша Југословенска Република Македонија.

Слични Новости

Андре Рију и “Македонско девојче“

trajce jovanov

Телекабел по трет пат е прогласен за “Супербренд“ на Македонија.

trajce jovanov

Шенки не јаде дренки, но затоа има гаќи од 188 евра

trajce jovanov

Leave a Comment