Почетна / Црна хроника / Од полицискиот бележник

Од полицискиот бележник

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (20/21/22/23.11) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 144 прекршоци.Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 224 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1704 лица со вакви решенија.

На 23.11.2020 во 07.14 часот во СВР Штип, од Итната медицинска помош Штип било пријавено дека во стан во Штип имало починато лице. Извршен бил увид на местото на настанот, при што е констатирано дека Д.А.(42) од Штип бил пронајден починат од неговата мајка. За настанот е запознат  Јавен обвинител, по чија насока телото е предадено за обдукција.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.Б.(31), Р.А.(44) и С.А.(31), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 12.11.2020 околу 11.00 часот, на Градскиот пазар во Кочани, пријавените физички нападнале полициски службеници, кои извршувале работи од јавната безбедност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *