Почетна / Македонија / Од полицискиот тефтер

Од полицискиот тефтер

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (24/25/26/27.07) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 95 прекршоци.

 

На 26.07.2020 околу 12.00 часот на регионалниот пат Виница-Берово, на место викано „Дивидија“, атар на с.Митрашинци, беровско, мотоцикл „јамаха“ со беровски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишен малолетник, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Берово.

 

 

На 26.07.2020 во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип, по Наредба за распишана потерница, го лишиле од слобода А.С.(37) од Штип и тој бил спроведен во Казнено поправниот дом во Штип.

 

На 26.07.2020, од страна на полициски службеници од Полициската станица Виница, а врз основа на Решение со мерка карантин во времетраење од 14 дена, бил спроведен И.М.(61) од неговиот дом во Виница до објект определен од Владата на Република Северна Македонија хотел во Скопје, поради непочитување на мерката строга изолација во домашни услови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симулација-вакцинација

Клиничката болница од Штип, како носител на масовната вакцинација на населението од Источна Македонија во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *