Радио Штип
Избор на Уредникот Македонија

Од Полска во Македонија увезени 1.6 милиони килограми месо, увезени и искркани

Сомнително месо од болни крави од Полска е откриено во повеќе држави од регионот.Истото “стасало“ и до Словениија.За ова послко месо Агенцијата за храна (АХВ) тврди дека го нема на нашиот пазар. Минатата година од оваа земја биле увезени 1.6 милиони килограми говедско, јунешко и телешко.

Инспекциските служби вршат редовни контроли на домашниот пазар со месо, производи и подготовки со месо и на увозот на овој тип производи во земјава, велат во Агенцијата за храна.

„Месото кое се продава на македонскиот пазар е безбедно. Увозот се врши  исклучиво од одобрени земји за увоз, од одобрени објекти и задолжително со ветеринарно здравствен сертификат кој ја следи пратката, со кој се гарантира безбедноста“ објаснуваат во АХВ.

Надлежните тврдат дека при увоз се врши задолжителна контрола на секоја пратка – покрај задолжителниот преглед на документацијата, се врши и физички преглед на пратките. Контроли се вршат и при истовар на увезените пратки.

„Во рамки на одредени мониторинг програми и при сомнеж, од пратките кои се увезуваат се земаат и мостри за лабораториска анализа. За истите не се дозволува увоз во земјава, односно пратките се ставаат под надзор, се додека не се добијат резултатите од направените лабораториски анализи со кои се потврдува дека пратката е безбедна“ велат од АХВ.

На македонскиот пазар во 2018-та завршиле 1.607.903 килограми говедско, јунешко и телешко месо. Ова е за 683.697 килограми помалку од 2017-та.

Скандалот со труло говедско месо го откри полски новинар. На снимките кои беа објавени се гледа како се влече стоката која едвај оди и завршува на линиите за колење, а тоа месо се складирало и заминувало по пазарите како безбедно за јадење со печат и жиг.

Полските власти потврдија дека сомнително месо е извезено во Романија, Шведска, Унгарија, Естонија, Финска, Франција, Шпанија, Литванија, Португалија и во Словачка.

Властите во Словенија првично тврдеа дека таму не завршил ниту грам од сомнителното месо, но потоа се докажа спротивното.

Полска произведува околу 560 илјади тони говедско месо годишно од кое извезува меѓу 80 и 85%.

 

Слични Новости

Што правеше Заев качен на столче?

admin

Легитимно нелигитниот ОФС го подрджува Сејдини за претседател на ФФМ

trajce jovanov

По 20 години добивме морбили

trajce jovanov

Leave a Comment