Почетна / Бизнис / Од регистерот “испаруваат“ фирми

Од регистерот “испаруваат“ фирми

Во рок на три месеци, додека Македонија се бореше  и сѐ уште се бори со пандемијата на коронавирусот, во земјава се затворени голем број фирми од различни дејности.Во март има многу повеќе згаснати фирми за разлика од месеците април и мај, покажуваат податоците на Централниот регистар.Во март се избришани околу 1.000 фирми, а во април и мај бројката се движи околу 260.Најпогодени се фирмите кои се занимавале со трговија на големо и мало, рестораните, фризерските и салоните за убавина, такси компаниите, фирми од товарен патен транспорт, но и сметководствени и фирми кои даваат адвокатски услуги.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Печалбарите не праќаа пари.

Ако печалбарите секоја година праќале по над една милијарда евра пари со кои ќе им …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *