Почетна / Бизнис / Од следната недела 16 милиони евра за мали и средни претпријатија

Од следната недела 16 милиони евра за мали и средни претпријатија

Следната недела ќе пристигне втората транша поволни кредити за мали и средни претпријатија од Европската инвестициска банка (ЕИБ), во износ од 16 милиони евра, изјавија денеска заменик-министерката за финансии Ширет Елези и в.д. главниот оперативен директор на Развојната банка на Северна Македонија, Вељанд Рамадани.

Со овие средства ќе се поддржат проекти на 53 мали и средни фирми.

Како што информираше Рамадани, со првите две транши ќе бидат повлечени вкупно 31 милион евра за поддршка на 92 мали и средни претпријатија. Развојната банка работи и на подготовка за повлекување на нова трета транша во износ од околу 9 милиони евра за поддршка на нови 20 мали и средни претпријатија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *