Почетна / Занимливости / Од стара видео игра заработи 90.000 долари

Од стара видео игра заработи 90.000 долари

Чистејќи го своето поткровје, еден Американец нашол заборавена, неотпакувана видеоигра од 1988 година, и благодарение на неа, заработил 90.000 долари.

Скот Амос од градот Рено, Невада, САД, се пофалил со тоа на интернет, а првично мислел дека видеоиграта чини само неколку стотици долари. Меѓутоа, по извесно време, се јавил некој што подобро го познава сето тоа, со коментар – „Си пронашол богатство“.

Видеоиграта била заборавен божиќен подарок од пред 31 година, неотворен и со заборавена сметка на него. Токму тоа ја докажува автентичноста на играта, а имајќи предвид дека се работи за „НЕС кид икарус“ – ретка игра од минатиот век, што денес ја поседуваат едвај десетина колекционери во светот, нејзината вредност е петцифрена.

Компанијата Вата гејмс ја оценила очуваната состојба на играта со 8/10, што е доста висока оценка.

Видеоиграта е јапонски производ од 1986., што за само една година станала светски хит и што доживеа неколку продолженија. Приказната се темели на старогрчката митологија. Примерокот викендов беше продаден на аукција за 90.000 долари

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *