Почетна / Црна хроника / Од тефтерот на полицијата

Од тефтерот на полицијата

 

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (29/30.07.2020) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 16 прекршоци.

 

На 29.07.2020 во 09.39 часот во  СВР Штип, К.М.(60) од Штип пријавил дека непознат сторител противправно му одзел службено патничко возило „фолксваген поло“, кое било паркирано на ул.„Маршал Тито“ во Штип. Во 11.25 часот во Полициската станица Штип, С.Ч.(57) од Штип, пријавила дека околу 10.20 часот на ул.„Димитар Двојаковски“ со  ул.„Драги Крупишки“ во Штип од непознат сторител противправно ѝ било одземано паркираното патничко  возило „голф“. По преземени мерки од страна на полициски службеници возилата се пронајдени кај Ј.С.(43) од Штип и со потврда вратени на пријавителите, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

 

На 29.07.2020 во 15.53 часот во СВР Штип било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.М.(23) и Ш.М.(22), двајцата од Штип. По комплетирање на случајот, против О.М. и Ш.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.07.2020 по преземени мерки и дејствија од страна на полициски службеници од СВР Штип била пронајдена В.А.(46) од Штип, која на 23.07.2020 од страна на нејзиниот сопруг била пријавена дека се оддалечила од домот во Штип.

На 29.07.2020 од страна на Одделението за внатрешни работи Свети Николе против А.Т. е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Имено, во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 08.45 часот во Свети Николе на ул.„Плоштад Илинден“, пред влезот на зградата на локална самоуправа на Свети Николе, А.Т.(35) од Свети Николе најпрвин почнал да вика на висок тон, по што физички го нападнал М.П. кој  извршувал работа на обезбедување. Околу 09.05 часот А.Т. дошол во полициската станица Свети Николе и додека полицискиот службеник извршувал службени работи, А.Т. почнал на висок тон да упатува закани и агресивно да се однесува кон него.

На 29.07.2020 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека во кругот на фирма во Виница во 15.30 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „рено лагуна“, од кој делумно биле зафатени уште две патнички возила „форд фокус“ и „опел мерива“. Пожарот бил изгаснат од Територјалната противпожарна единица Виница. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Виница.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *