Почетна / Балкан / Од утре нема пушење во кафани, кафичи па дури и на отворено.Казна 20.000 евра.

Од утре нема пушење во кафани, кафичи па дури и на отворено.Казна 20.000 евра.

Црногорскиот Закон за ограничувања на употребата на производи од тутун, според кој ќе се забрани пушење во затворен простор, влегува во сила в среда и секој што ќе ги прекрши одредбите на законот, ризикува да плати казна до 20.000 евра.

Законот, со кој се забранува употреба на производи од тутун во јавни затворени простории, освен во казина, беше одобрен едногласно во парламентот на 31 јули, пренесува РТЦГ.

Со донесувањето на новиот Закон за ограничување на употребата на производи од тутун, Законот за такси ќе престане да важи и веќе нема да може да се плаќаат такси за да се овозможи пушење во некој дел од објектот.Новиот закон не дозволува пушење во која било просторија или област каде што се консумираат храна и пијалаци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *