Почетна / Избор на Уредникот / Од 23 часот се треба да не работи, ако не работи

Од 23 часот се треба да не работи, ако не работи

Од денеска нема да работи ништо по 23 часот, освен оние што вршат испорака, а ќе се ограничи и капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.Владата ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, да работат во смени или онлајн од дома или пак, редуцирано со систем на ротации.На вчерашната седница Владата ја прифати и препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината.Мерките стапуваат на сила веднаш по објавување во Службен весник и за нив не се потребни законски измени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *