Почетна / Бизнис / Општината откако направи попара со “трговскиот центар“.Стравува од последици.

Општината откако направи попара со “трговскиот центар“.Стравува од последици.

Правдата стаса до сопственици на простор во трговскиот центар во Штип, чиј деловен простор беше узурпиран и обезвреднет.Пет ипол години некои од сопствениците на простор  ја преживеаја најголемата драма, останаа без егзистенција, па мораа да бараат нови извор за животот, дури принудно да станат наемни работници.Другиот дел претрпе големи финансиски загуби, неповратно затворајќи го деловниот простор, без можност да создава нов обрт на средства.А, сето тоа поради алчноста во политиката и тоа од највисоката општинска позиција градоначалник.Поради дилентантизмот односно не стручноста, полтронизмот на локалндата администрација, која ги лажаше и советниците во општината и самата јавност.Пет и пол години, другите божемните сопственици продаваа имот кој не е нивен, одземаа земјиште за даќарат повеќе.Трети пак со тоа што купуваа нешто што не им припаѓа, се надеваа на брза заработка.По пет и пол години  сега треперат пред вистината.А, треперат од страв од последиците и во општината која е главниот збркатор во феноменто трговски центар.Сепак не отстапуваат од магарешкиот инает дека биле во право и пак се обидуваат да ја заобиколат вистината.Вистината многу лесно може да падне на товар на сите граѓани на Штип, откако општината ќе треба да плати казнено обештетување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *