Почетна / Бизнис / Општина Карбинци престолнина за одгледување на канабис

Општина Карбинци престолнина за одгледување на канабис

Со 40 милиони евра инвестиција петнаесеттина компании ќе одгледуваат канабис но само за медицински цели.

Ова станува јасно од постот на социјалните мрежи напишан на официјалната Фејсбук страна на премиерот во кој е објавена целата листа на комапнии.

Скопје, Гостивар, Карбини, Кочани, Валандово, Струмица се градовите во кои ќе никнат тие фабрики а најавата е дека ќе се има и околу 300 нови вработувања.

Листата на компании со домашен и странски капитал кои добиле лиценци за одгледување канабис за медицински цели изгледа вака:

РСБ солутионс Карбинци

Каба Хербал -Кочани

Оаза алкалоиди -Карбинци,

Медицал 420 – Битола,

5 летерс во Ресен,

Мам – Свети Николе,

АЦПВ – Гостивар,

Фарма Медика Канабис -Валандово,

Ф&M 2017 – Гостивар,

Фармаролли – Скопје,

Греен лифе – Валандово,

Канабис про – Струмица,

Т.Х.Ц. Куалити гроуп – Росоман,

Хелтх медикал солутионс – Гевгелија,

Бул-Билдинг во Струмица

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *