Почетна / Спорт / “Осенсеи“ на турнир во Пале – Сараево.

“Осенсеи“ на турнир во Пале – Сараево.

Од 13-15 септември годинава, ченовите на Осенсеи од Штип, заедно со Клубот Дан- КЈУ- Скопје, кој ќе настапи со тројца претставници, ќе учествуваат на Балканското првенство и Светскиот куп во Букурешт -Романија.
Штипскиот клуб е популарен меѓу младите спортисти и е во голема експанзија во светот . Џиу Џицу е и олимписки спорт. Голем придонес за големата масовност има педагогот Виктор Велинов, кој со својот примерен однос и коректност ги заслужува сите аплаузи.
Штипскиот клуб Осенсеи во Букурешт , на БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ќе настапи со двајца претставници- Христијан Јованов и Нина Ташкова. Христијан Јованов ќе се појави во јуниорска конкуренција до 21 година, во категоријата до 85 кгр , а Нина Ташкова, исто така во јуниорска конкуренција, до 21 година, во категоријата до 63 килограми.
На Светскиот куп од Осенсеи ќе настапат Данил Николиски, кадет- 14 години до 42 кгр, Стефан Донев, кадет до 14 години , 55 кгр, Ева Димитрова, кадетка до 16 години, 63 кгр, Станислав Грпов, кадет 16 години , 46 кгр..
Ќе ги предводи тренерот Виктор Велинов. На Балканското првенство и Светскиот куп ќе настапат претставници од 41 држава , со 1331 учесници од целиот свет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *