Почетна / Спорт / “Осенсеи“ со нови успеси

“Осенсеи“ со нови успеси

Во Херцег Нови, Црна Гора, денеска се одржа традиционалниот голем меѓународен турнир „Мимоза опен“, на кој учествуваа 256 натпреварувачи од балканските држави.Штипските џиу џицу натпреварувачи на „Осенсеи“ беа атракција на турнирот, најмлади учесници и ги собраа аплаузите на публиката. Штипските деца освоија три медали. Ева Димитрова и овој пат беше најдобра, го освои првото место, втор е Стефан Донев,а трет Даниел Николиски.
Штипскиот клуб „Осенсеи“ ги почна натпреварите и во Јадранската лига, само заради добивање искуство. Штипската екипа настапи само со тројца натпреварувачи, а другите екипи во комплетни состави. Тоа беше една од причините што штипјани ги загубија двете средби од првите две кола од домаќинот Херцег Нови со 4-2 и од Марибор со 5-1. Во секој случај, штипјани треба да бидат задоволни од овие резултати, бидејќи располагаат со една раскошна генерација која е иднината на македонското џиу џицу. Екипата ја предводеше првиот човек на „Осенсеи“, педагогот, Виктор Велинов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕМИЛ ПАВЛОВ ВО ЛИСАБОН –УШТЕ ЕДЕН НАСТАП ВО ПРЕМИЕР КАРАТЕ ЛИГАТА

Утре, четврток, за Лисабон, Португалија, патува најдобриот спортист на ,Македонија, Емил Павлов и неколку македонски …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *