Радио Штип
Занимливости

Останала без работа, сексуално малтретирала пациент

Во риби уловени во водите на јапонската префектура Фукушима, откриен е за прв пат по четири години радиоактивен цезиум кој ги надминува дозвoлените граници, соопшти Асоцијацијата на рибарските здруженија.

Асоцијацијата ја стопирала испораката на овој вид риби уловени во тие води, а испорачаната риба ќе биде повлечена од пазарот додека не се потврди дека е безбедна за консумација.

Надлежните служби собраа повеќе примероци поради истражување, а централната влада ќе донесе одлука за безбедноста на рибата.

Во Фукушима се наоѓа нуклеарна електрана која по силниот земјотрес и цунамито во 2011 година е сериозно оштетена, кога дојде до испарување на реакторот и протекување на радиоактивен материјал.

Слични Новости

Зимата завршува.Мечките се будат од зимски сон

trajce jovanov

Совет на млади повик за филм за Штип

trajce jovanov

Угул гол, чисти куќи…

trajce jovanov

Leave a Comment