Почетна / Занимливости / Отворена најголемата гаража за велосипеди

Отворена најголемата гаража за велосипеди

Во холандски Утрехт, под централната железничка станица, отворена е најголемата гаража за велосипеди во светот, со капацитет од 12.500 велосипеди.

Холандија е земја со население од 17 милиони луѓе и дури 23 милиони велосипеди. Во просек, секој човек во оваа земја секој ден на велосипед поминува 18 минути. Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во Холандија, а можеби и во светот.

Првиот дел од проектот на паркот е реализиран пред две години кога е отворен делот за 7.500 велосипеди, потоа е отворен вториот дел, па сега и третиот.

Станува збор за паркинг на три спрата кој работи 24 часа, организиран во форма на метални носачи на спрат на кои можете да го поставите велосипедот и да го заклучите.

Холандија е исто така најголемиот купувач на е-велосипеди, бидејќи возењето во подоцнежните години е многу позастапено овде отколку на кое било друго место во свет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *