Радио Штип
Бизнис

Пад на курсот на еврото

Курсот на еврото e блиску до најниските нивоа во последните две недели во однос на доларот.

Oва е резултат на слабите вести од европските економии и постојаните тензии со американско-кинескиот трговски план.

Еврото се тргуваше за 1,1324 долари, што значи дека цената му ослабела за 0,14 проценти во споредба со претходното затворање. Со ова тоа се задржа околу најниското ниво за две недели и е на пат да ја забележи најголемата неделна загуба во повеќе од четири месеци.

Европската комисија вчера нагло ги намали процените за раст годинава, па сега за еврозоната се предвидува дека во 2019 година ќе порасне за 1,3 отсто, во споредба со 1,9 отсто, колку што минатата есен предвидуваа во Брисел. Покрај тоа, послаби вести доаѓаат во врска со индустриските нарачки во Германија и Шпанија, поради што се зголемува стравот од поизразено забавување на економската активност.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најзначајни светски валути, утрово беше во мал плус во однос на претходното затворање.

Филип Ве, валутен аналитичар во ДБС, смета дека цената на еврото годинава најверојатно ќе се намали под 1,10 долари поради послабиот раст во Европа и пониските изгледи за инфлација во споредба со САД.

Слични Новости

Косовските лекари со поголеми плати од македонските

trajce jovanov

“Перутине Птуј“ или “Неопланта“ а и другите не` трујат со салами, виршли , колбаси…

trajce jovanov

Граѓаните сакаат пониски цени во мобилната

trajce jovanov

Leave a Comment