Почетна / Спорт / Палермо исфрлен во Серија Д.Несторовски и Трајковски се слободни.

Палермо исфрлен во Серија Д.Несторовски и Трајковски се слободни.

Фудбалската Федерација на Италија ја одби последната жалба на Палермо и клубот се сели во Серија Д, а тоа значи дека Илија Несторовски и Александар Трајковски ќе бидат слободни да бараат нови клубови.

Според досегашните најави наредниот период се очекува Несторовски да потпише за Удинезе и воедно се врати во најсилната италијанска фудбалска лига.

Напаѓачот веќе има постигнато договор и со тимот од „Фриули“ ќе потпише на три сезона, па во следните денови се чека само официјализација.

Александар Трајковски чека понуди и најблиску е до Спортинг Лисабон, иако интерес за него постои и од неколку италијански прволигаши.

Откако Палермо е исфрлен во Серија Д, фудбалерите ќе можат без обештетување да го напуштат клубот, односно ќе имаат статус на слободни агенти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *