Почетна / Македонија / Панче Докузов,кој ја сруши корупциската тврдина на Илчо Захариев, да биде член на антикорупциска

Панче Докузов,кој ја сруши корупциската тврдина на Илчо Захариев, да биде член на антикорупциска

Денеска продолжија интервјуата во Собраниоето на Македонија со тие кои поднесоа пријави за членови на Антикорупциската комисија. Денеска интервју даде и познатиот правник од Штип, Панче Докузов, адвокат, претседател на Комисијата за уставно право и близок соработник на Стамен Филипов, кој почина. Панче Докузов во интервјуто денеска потсети на Трговскиот центар во Штип, кој е дивоградба, но три години не е решен случајот , бидејќи во него се вклучени бизнисмени кои се обогатиле во транзицијата, рече тој. Сите решенија за изградба на Трговскиот центар, потпишани од поранешното раководство на локалната самоуправа ,се поништени, но и натаму нема конечна одлука. Панче Докузов, пред собраниската комисија истакна дека секогаш се борел против корупцијата и тоа е главна причина што се пријавил да биде член на Антикорупциската комисија . Дали еден штипјанец ќе се најде во една важна комисија составена од 7 членови, времето ќе покаже. Но, денешното интервју на Панче Докузов предизвика голем интерес во јавноста, а се слушнаа и аплаузи во салата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симулација-вакцинација

Клиничката болница од Штип, како носител на масовната вакцинација на населението од Источна Македонија во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *