Почетна / Избор на Уредникот / “Пастрмалија“ во функција на хуманоста, а не за кафански певаљки и тралалајки.

“Пастрмалија“ во функција на хуманоста, а не за кафански певаљки и тралалајки.

Забавите за широките народни маси, го губат и кредибилитетот и интересот на луѓето.Оваа година е престапна  во  тој поглед.Превстот се случи во Врање во Република Србија, кога граѓаните кажаа дека не сакаат да и пее брена и дека тие пари треба да се насочат во набавка на опрема и медицински помагала и лекови за болницата во Врање.

На Штип му претстои забавата за широките народни маси наречена “Пастрмалијада“, иако пастрмалијата како штипски специјалитет нема допирна точка со истата.Предвиден е вкупен буџето од околу 80.000 евра, за изведувачи и други трошоци.

Клиничката болница од Штип со оглед на зголемиот број на пациенти, има потреба од уште едно одделени во Кардиологија.И тоа одделение за вградување на стентови.

Недостасуваат 30.000 евра.

Општината која е соогранизатор на пивопијската манифестација  би било добро да донира толкав број на пари за да се заврши одделението и истото да профунцкионира.Не треба да се биде премногу мудар, народните пари да се трошат за народот , а не за кафалски певаљки и тралалајки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *