Радио Штип
Спорт

Пингпонгарскиот клуб “Шампиони ФА“ организатор на првенство во Свети Николе

Свети  Николе ќе биде  домаќин на Изборното сениорско првенство во пинг понг, на 17 февруари. Тоа ќе биде прв голем спортски настан во Свети Николе во пинг понг. Главен „виновник“ што  првенството ќе се одржи во Свети Николе е штипскиот клуб Шампион Фа, кој  во овој град  доби сала за тренирање. Сега  штипјани  сакаат да возвратат на светиниколчани за  одличниот прием . Штипскиот клуб ќе се обиде да го промовира Свети Николе како иден пингпонгарски центар . Впрочем, во екипата на Шампини Фа  играат и неколку млади пингпонгари од Свети Николе.Главен фаворит на Изборното првенство- ќе биде штипјанецот Петар Костовски, кој ги брани боите на Младост 96 од Прилеп.Петар Костовски сезонава е без пораз , игра во голема форма. Тој тренира со репрезентацијата на Србија во Зрењанин и со Владимир Закиќ, кој е тренер и на македонските пингпонари во Македонија. Петар Костовски се подготвува и за меѓународните натпревари кои следуваат годинава.

Слични Новости

Кристијан Станојковски најдобар пинг-понгар

trajce jovanov

Храбра одважна победа над Албанија

trajce jovanov

Настап на Федере чини 1 милион евра

trajce jovanov

Leave a Comment