Почетна / Спорт / Пинг Понг со македонскиот пинг понг

Пинг Понг со македонскиот пинг понг

Во очекување на олабавување на рестриктивните мерки донесени од владата пинг понгарската федерација изготви план на кој начин да се заврши сезоната 2019/20.Според првото сценарио доколку условите овозможат одигрување на откажаните натпревари заклучно со 5 Јули, планирано е во три натпреварувачи циклуси да заврши лига првенството за сезоната 2019/20.Во првиот и во вториот циклус планирано е да се заврши регуларниот дел од лига првенството, додека третиот циклус е предвиден за плеј оф натпреварите кои поради ситуацијата би имале скратен формат. Во плеј офот учествуваат четири најдобро пласирани екипи од супер лигата по завршувањето на регуларниот дел од првенството.Во истиот, трет циклус планирано е одигрување и на бараж натпреварите за пласман во повисок степен на натпреварување и опстанок во лигите.Доколку сепак условите не дозволат звршување на првенството до 5 Јули, пинг понгарската федерација изготви план според кој нема да има испаѓање од лигите.Доколку првенството нема можност да се одигра до крај, пинг понгарската федерација нема да прогласи шампион за сезоната 2019/20.Штипската екипа Шампион ФА доколку продолжи шампионатот има реални изгледи да ја освои титулата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *