Почетна / Избор на Уредникот / Пишички пискотници

Пишички пискотници

Пискотници се слушаат од село Пишица – Пробиштип.Најголема мака  им е што живеаат покрај браната Пишица, а две години по нејзината изградба се уште чекаат да дотече вода до нивните ниви и дворови. Сега за наводнување и за стоката користат вода од водоводот што значи суви чешми за половина село. Ако проблемот не се реши излегуваат на блокади.

Градоначачалникот на Пробиштип вели реакцијата на жителите е оправдана, ама според неговите информации проблемот ќе се реши за неколку денови. Проблем е дозволата за примопредавање на браната.

Браната Пишица попушти во големите поплави што ја зафатија државата пред седум години, а по многу застои нејзината изградба конечно беше завршена во 2018-та. Ја градеше „Трансмет“ на Сеад Кочан, предвидено е да се наводнуваат 350 ха, а изградбата чинеше околу еден милион евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *