Почетна / Бизнис / Плати па влези во центарот на Венеција

Плати па влези во центарот на Венеција

Градските власти во Венеција на туристите кои во овој град ќе пристигнат на еднодневна посета, од мај би можеле да им наплаќаат за туристички престој за влез во центарот на градот во износ од три евра, најави венецскиот градоначалник, Луиџи Бругнаро.

Во претстојната година таксата би можела да се зголеми на 6 евра, а во време на голем туристички сообраќај таа би можела да достигне и до 10 евра.

Одлуката за ваква давачка не би се однесувала на гостите во хостелите, појасни Бругнаро, образложувајќи дека сите гости во венециските хотели однапред плаќаат дневна туристичка такса.

„Не ни е до тоа да заработиме. Целта е да се обезбедат дополнителни финансиски средства кои ќе придонесат одржувањето на градскиот центар да биде чисто и уредно“, рече градоначалникот.

„Многу е тешко да управувате со овој посебен град и сакаме тоа да го знаат сите што доаѓаат во него, за да не го земаат здраво за готово“, додал тој.

Планот треба да го одобрат и членовите на градскиот совет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *