Почетна / Избор на Уредникот / Платформи се нижат, пари да се книжат.

Платформи се нижат, пари да се книжат.

Денеска , температурата на воздухот во сенка 40 целзиусови степени.На сонце, асфалт и бетон, дури минува и шеесет степени.

И да сакаш некаде да се скриеш нема каде, тие малубројни сенки веќе се запоседнати, но и таму се дише на шкрги.Од топлотниот бран што се шири од вжарениот асфалт и бетон, се суши грло, ви горат градите.Ви се качува притисокот, и многу лесно може да колабирате

.Штип како и редица други градови не мислеше на природното проветрување на градот со свеж воздух.Штип некогаш беше град во кој секојдневно дуваше ветер, сега не е така, па и затоа имаме повисоки температури во Штип.

Урбанистите повеќе мислеа како да земат пари, од затворање на природните вентили, отколку на воздухот, и здравјето.Повисока зграда во центарот , кој сопира природно струење, па уште една од другата страна и целосна блоката на правецот север-југ.Една платформа, која е грејно тело, па јаде втора, па сега уште една трета кај некогашната слаткарница “Пролет“.

Отиња нема вода.А, што е знајачна водата, кога од неа нема пари.Од бетонот и асфалтот протекуваат пари, но и демнее смртта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *