Почетна / Спорт / Пливаат во одлични, челични резултати, и покрај тоа што тренираат на “суво“

Пливаат во одлични, челични резултати, и покрај тоа што тренираат на “суво“

Штипските пливачи учествуваа на најмасовниот пливачки митинг што досега се одржал во Бугарија, Благоевград. Учествуваа 750 учесници од 54 клуба од Бугарија, Србија, а Македонија ја претставуваше ПК „Челични“. . Рамноправно се носеа со многу поискусните пливачи од другите држави, каде има и одлични услови за работа. Сите пливачи од Штип го дадоа максимумот, ако се знае дека тоа беше најмасовен пливачки митинг досега одржан во Бугарија…“- ни рече педагогот , Мирко Јакимовски.
Инаку, штипските пливачи ги освоиле од 10 до 20 место во своите категории. Во Бугарија настапија Кире Главев, Христијан Јанков, Антонија Андоновски, Смиљан Нашков, Матеј Трајчев,Методи Георгиев и најмалиот Тео Улански.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронзен медал за Никола Нацев

Кик боксерот на штипскиот клуб “Гладијатор“, Никола Нацев, и од штотуку завршеното балканско првенство се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *