Радио Штип
Бизнис

Подобрување на извозната кондиција на мак.економијата

Извозниците компании – членки на Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија ќе имаат можност преку проектни активности во Комората да земат учество во креирањето на извозната диверзификација на македонската економија. За таа цел, на седницата одржаната во Комората, членките на Клубот беа информирани за чекорите кои е потребно да се направат за да се согледа фактичката состојба на извозниот потенцијал, но и можностите како да се зголеми бројот на извозни производи, компании кои извезуваат и да се зголеми бројот на земји каде се извезуваат македонски производи.

Во таа насока, д-р Дарко Лазаров, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, го презентираше планот на активности на Стопанската комора на Македонија преку кој треба да се идентификуваат развојните потенцијали и можности за извозна диверзификација, да се дијагностицира и да се изработи план за подобрување на извозната конкурентност на селектирани компании и да се промовираат пред извозните компании предлог- политики за нивна системска поддршка. Професор Лазаров направи и споредба со потенцијалот и капацитетот на македонската економија со економијата на Словенија како земји со слична големина и капацитет. При тоа, беше посочено дека со добри системски политики, економијата на Словенија има до 5 пати подобри економски перформанси од нашата економија.

За таа цел, беше истакнато дека преку Клубот на извозници при Комората во следниот период ќе бидат преземени чекори да се направи анализа на изворите на растот на македонската економија, анализа на индустриските и извозните перформанси на земјата согласно кои ќе бидат дефинирани и следните активности за извозна диверзификација.

На состанокот на Клубот на извозници беше разговарано и за начините и можностите за системска поддршка на домашните компании за саемското претставување во светот. За таа цел, беше договорено клучните извозни сектори (прехранбениот, електро и металниот сектор, текстилот) во следниот период да дефинираат по неколку саеми кои сметаат дека се од големо значење за поттикнување на извозната активност и да се бара поддршка за настап на македонските компании на светски влијателните саемски манифестации.

Слични Новости

Нови повисоки цени на горивата

trajce jovanov

Чудо:Македонија ќе продавала струја на Италија

trajce jovanov

Зголемено производство на гас и нафта

trajce jovanov

Leave a Comment