Почетна / Балкан / Политичката школа во Кумровец ја купуваат Кинези

Политичката школа во Кумровец ја купуваат Кинези

Кинеската компанија „Зонгија недвижности“ му понуди на хрватското Министерството за државен имот да го купи хотелот „Загорје“, поранешното политичко училиште во Кумровец.

Наместо бараните 1,6 милион евра, тие понудија речиси 2 милиона евра, а за понудата набргу се очекува одлуката на владата, известија во вторникот од тоа Министерство.

Хотел „Загорје“ е, всушност, поранешно политичко училиште во Кумровец, кое има површина од речиси 27 илјади квадратни метри и е во државна сопственост. Интерес за имотот покажа неодамна кинеската претприемачка Џијанг Ју, која повеќепати беше во Кумровец и изрази желба училиштето да го претвори во хотел, како и други идеи за создавање спомен-парк на Јосип Броз Тито во тоа место во Хрватско Загорје.

Токму таа стои зад компанијата што ја достави понудата за купување на хотелот „Загорје“, а како што истакнуваат од Министерството, тоа беше единствената целосна и валидна понуда.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија зимата пристигна во лето?!!!

Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Во текот на вчерашниот ден, поради спуштање на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *