Почетна / Црна хроника / Полицискиот ковид тефтер

Полицискиот ковид тефтер

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28/29.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип три лица не ја почитувале забраната за движење, при што две се приведени, а за едно се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на едно лице му е издадено решение за изолација, а две лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 39 контроли кај лица во изолација и 139 кај лица во самоизолација.

 

На 28.04.2020 во 11.15 часот во СВР Штип било пријавено нарушување на јавниот ред и мир околу 11.00 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, со вербална расправија која преминала во физичка пресметка помеѓу А.Ј.(35) и З.Д.(48), двајцата од Штип. По комплетирање на случајот, против А.Ј. и З.Д. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 28.04.2020 во 18.30 часот во Полициската станица Кочани, вработена во маркет во Кочани пријавила дека околу 17.00 часот В.Ѓ.(33) од Кочани влегол во маркетот и, откако му било укажано дека треба да ги почитува мерките за заштита од корона вирус, тој почнал да упатува закани кон неа, а со дрвен предмет го нападнал нејзиниот колега В.С.. Од страна на полициски службеници В.Ѓ. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.04.2020 во 16.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип В.С.(47) од с.Лозово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

 

На 28.04.2020 околу 17.10 часот во Полициската станица Пробиштип, било пријавено дека околу 17.00 часот, при изведување на градежни работи на објект во изградба во Пробиштип, Б.И.(32) од Свети Николе се здобил со повреда и бил пренесен во Здравствениот дом Пробиштип.

 

На 28.04.2020 во 10.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека од страна на непознат сторител со подесен предмет насилно била отворена вратата од црквата Св.„Јован Крстител“ во с.Звегор, делчевско, при што биле одземени пари. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Делчево.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *