Почетна / Црна хроника / Полициски бележник-имало што да се прибележи

Полициски бележник-имало што да се прибележи

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (22/23.07.2020) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 54 прекршоци.

 

На 22.07.2020 околу 13.40 часот полициски службеници при контрола на товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки пред бензинска пумпа кај Три Чешми, биле попречувани во извршување на службените дејствија од страна на патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, при што возачот на товарното моторно возило искористил прилика и се дал во бегство на автопатот Штип – Скопје, а по кратко време и возачот на аудито ја зголемил брзината и побегнал. За настанот запознаен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

 

На 22.07.2020 во 14.30 часот во Полициската станица Кочани, С.С.(66) од Кочани, пријавил дека на 16.07.2020 околу 08.30 часот шалтерски работник во банка во Кочани искористувајки ја својата службена положба, ги пречекорил границите на своето овластување на  начин што при исплата на пензија повлекол 500 евра од девизна сметка на коминтент на банката, при што на С.С. му дал да потпише налог за исплата во износ од 500 евра без да му ја врачи повлечената сума. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 22.07.2020 од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани, а врз основа на решение со мерка карантин во времетраење од 14 дена во објект определен од Владата на Република Северна Македонија бил спроведен З.Н.(45) од неговиот дом во село Уларци до хотел во Скопје, поради непочитување на мерката строга изолација во домашни услови.

 

На 22.07.2020  во 13.45 часот во Полициската станица Берово била приведена М.Н.(31) од Берово, затоа што во алкохолизирана состојба го нарушувала јавниот ред и мир со викање на виок тон во угостителски објект во Берово, при што агресивно се однесувала кон полициските службеници.  По комплетирање на случајот против М.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *