Почетна / Црна хроника / Полициски бележник

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 40 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 9 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 335 лица со вакви решенија.

 

На 02.02.2021 во времето од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 31 прекршок. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 35 останати прекршоци.

 

На 02.02.2021 во 10.30 часот во полициската станица Штип, З.А.(57) од Штип, пријавил дека на 01.02.2021 околу 11.55 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

 

На 02.02.2021 во 19.00 часот во полициската станица Кочани, 46 годишен маж од кочанско, пријавил дека од страна на лице кое се претставило како И.Т. од Гевгелија, бил доведен во заблуда дека доколку уплати 4.000 денари на сметка на К.Т., за возврат ќе му испрати по карго мобилен телефон. Откако пријавителот во банка ја уплатил наведената сума,  по карго му бил испратен пакет, но наместо телефон имало предемет со две маски од телефон.  Се работи на расчистување на случајот.

 

На 02.02.2021 во 09.00 во полициската станица Берово, било пријавено дека во временскиот период од 31.01.2021  до 09.00 часот на 02.02.2021, непознат сторител со употреба на сила влегол во црквата „Собор на Св. Апостол Петар и Павле“ во с.Ратево, беровско од каде противправно одзел пари. Увид на местото извршила увидна екипа и се работи на расчистување на случајот.

 

На 02.02.2021 во 07.20 часот во полициската станица Берово, Р.Б.(26) од с.Ратево, беровско, пријавил дека во временскиот период од 19.00 часот на 01.02.2021 до 07.00 часот на 02.02.2021 од страна на непознат сторител од  дворно место пред неговата семејна куќа во с.Ратево, противправно му било одземено патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со беровски регистарски ознаки. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (01/02.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *