Почетна / Инфо / Полициски бележник

Полициски бележник

На 30.07.2020 во 20.45 часот во Полициската станица Штип, 49-годишен штипјанец пријавил дека околу 18.30 часот неговата 17-годишна ќерка, која живеела вонбрачно со  Е.А.(18) во Штип, по вербална расправија, била нападната од Е.А. со остар предмет.  Се работи на комплетирање на случајот и против Е.А. ќе биде поднесена кривична пријава.

 

На 30.07.2020 во 10.20 часот во Полициската станица Штип, Т.Ц.(59) од Штип пријавил дека во временскиот период од 16.00 часот на 29.07.2020 до 05.30 часот на 30.07.2020 од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „лада нива“, паркирано на ул.„Тошо Арсов“ во Штип. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 30.07.2020 во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 08.40 часот на ул.„Димитар Влахов“, во просториите на приватен катастар  во Берово, поради недоразбирање околу имотно-правни работи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу С.М.(65) и О.М.(34), двајцата од с.Двориште, беровско. Од страна на полициски службеници на двајцата им биле издадени записници за констатиран прекршок по чл. 11 ст. 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

На 31.07.2020 во 03.41 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Кочани – Зрновци, во близина на место викано „Дива топола“, се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „кимко“, со кочански регистарски ознаки, управуван од В.А.(17) од с.Зрновци излетал од коловозот. По незгодата В.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите. За незгодата запознаен е Јавен обвинител и извршен е увид на местото од страна на увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *