Почетна / Црна хроника / Полициски бележник

Полициски бележник

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (18/19/20/21/.09) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 72 прекршоци.

 

На 19/20.09.2020 во перидоот од 22.00 до 04.00 часот СВР Штип спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола, кај двајца било утврдено присуство на алкохол. Двајцата возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им се записници за констатиран прекршок. Санкционирани се и 26 останати прекршоци.

 

На 20.09.2020 во  08.52 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во кругот на затвореното одделение била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип  извршиле увид и пронајдената прашкаста материја била одземена и предадена за вештачење. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се работи на расчистување на слулчајот.

 

На 20.09.2020 во 11.00 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Штип го забележале и запреле И.Ј.(27) – мигрант од Тунис, кој се движел пеш во насока на железничка станица Штип. Преземени биле мерки, И.Ј. бил предаден на полициски службеници од Гранична полиција за понатамошна постапка.

 

На 20.09.2020, по претходно преземени мерки и активности, а поради постоење основи на сомнение за кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на А.К.(43) во Делчево. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, 19 семки од растително потекло, 55 петарди, еден топовски удар, 67 броја малокалибарска муниција и три куршуми различен калибар.  По комплетирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 21.09.2020 во 00.46 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 00.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Штип, А.Ј.(20) од Штип физички нападнал две малолетни лица. Според пријавеното, по кратко време дошол  Д.М.(37) од Штип, татко на едниот малолетник и физички го нападнал А.Ј. По комплетирање на случајот против А.Ј. и Д.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *