Почетна / Црна хроника / Полициски бележник

Полициски бележник

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03/04/05.10) на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 133 прекршоци.

 

На 04.10.2020 во 22.55 часот во Полициската станица Штип, И.Н.(44) од Штип пријавила дека околу 22.00 часот на ул.„8-ми Март“ била физички нападната од Т.М.(31) од Штип. По комплетирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 04.10.2020 во 22.30 часот во Полициската станица Кочани, 37 годишен маж од Кочани пријавил дека околу 16.30 часот во семејната куќа во Кочани бил физички нападнат од неговиот татко Љ.Ш.(66). По комплетирање на случајот против Љ.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 04.10.2020 во 03.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионален пат кај место викано „Мездра“, светиниколско, настанал пожар во товарно моторно возило „волво“ со штипски регистарски ознаки со приколка во движење, сопственост на фирма од с.Крупиште, а управувано од А.К.(27) од Штип. Од екипа од Територијалната противпожарна единица пожарот бил локализиран. Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Свети Николе.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *