Почетна / Македонија / Полициски бележник

Полициски бележник

На 14.11.2020 во 09,55 часот на регионалниот пат с.Аргулица – Штип, во близина на крстосница за с.Нов Караорман кон Штип, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рено“ без регистарски ознаки, кое го напуштило местото на настанот и патничко моторно возило „рено лагуна“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(50) од Штип. По незгодата К.Д. бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Денеска (16.11.2020) во 13,25 часот од страна на полициски службеници од СВР Штип во населба Три чешми е приведен А.Р. (32) од Штип кој се барал со потерница од КПД Затвор Струмица за доиздржување казна затвор во траење од скоро две години

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (13/14/15/16.11) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 118 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 152 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1758 лица со вакви решенија.

СВР Штип на 14.11.2020 во времето од 16.00 до 22.00 часот  спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола кај 11 било утврдено присуство на алкохол. Притоа, сите 11 возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле записници за констатиран прекршок. Санкционирани се и 54 останати прекршоци.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симулација-вакцинација

Клиничката болница од Штип, како носител на масовната вакцинација на населението од Источна Македонија во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *