Почетна / Црна хроника / Полициски бележник

Полициски бележник

На 13.12.2020 во 18.00 часот во Виница на ул.„Крушевска Република“, паничко моторно возило „фиат пунто“ со винички регистарски ознаки управувано од З.П.(40) од Виница удрило, во пешакот М.Г(66) од Виница. По незгодата М.Г. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Виница, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Виница.

На 12 и 13.12.2020 СВР Штип спроведе акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување на возила. Притоа преземени биле осум мерки. Санкционирани биле и 30 останати прекршоци.

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот (11/12/13/14.12) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирарни се 115 прекршоци.
Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 149 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1268 лица со вакви решенија и притоа биле констатирани две непочитувања на решенијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *