Почетна / Црна хроника / Полициски бележник.

Полициски бележник.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (05/06.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип пет лица не ја почитувале забраната за движење, при што две се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие пет лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 27 контроли кај лица во изолација и 78 кај лица во самоизолација.

 

На 05.05.2020 во 19.12 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 18.00 часот бил нарушен јавниот ред и мир во с.Стар Караорман, штипско, со физички напад од страна на Р.Т.(39) над  Ј.Ј.(48) од с.Стар Караорман. По комплетирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 05.05.2020 во 19.16 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 18.50 часот бил нарушен јавниот ред и мир на ул.„Панко Брашнаров“ во Штип со вербална расправија, поради нерасчистени имотни односи, која  прераснала во физичка пресметка помеѓу Б.Н.(40) и Д.И.(38), двајцата од Штип. По комплетирање на случајот, против Б.Н. и Д.И. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 05.05.2020 во 12.20 часот во СВР Штип, Г.С.(33) од Штип пријавил дека околу 11.55 часот на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на нас.„Насеље“ во Штип, настанал пожар во движење на неговото патничко возило „пежо“. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

 

На 05.05.2020 во 20.45 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека  во с.Тработивиште, делчевско, настанал пожар во објект сушара за печурки. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Делчево.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *