Почетна / Црна хроника / Полициски дневник – потребни се “педагошки мерки“!

Полициски дневник – потребни се “педагошки мерки“!

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (19/20.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип 8 лица не ја почитувале забраната за движење, при што 6 се приведени, a за 2 земени се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 3 лица издадени им се решенија за изолација, а 3 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 17 контроли кај лица во изолација и 47 кај лица во самоизолација.На 19.05.2020 околу 18.45 часот пред продавница во с.Стрмош, пробиштипско, полициски службеници од Полициска станица Пробиштип го лишиле од слобода  С.В.(27) од с.Стрмош бидејќи по претходна расправија со С.Д.(22) од с.Стрмош му упатувал закани и со стаклено шише му нанел повреди на С.Д. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2020 во 00.20 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, поради непостапување според здраствените прописи за време на епидемија – ограничено движење, полициски службеници ги лишиле од слобода М.А.(36), С.С.(46) и С.Ф.(43), сите од Кочани. Притоа, при преглед на С.Ф. биле пронајдени и одземени една празна рамка од пиштол, два куршуми 7,62мм и еден куршум 9мм за пиштол. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Штип изминативе два дена по претходно преземени мерки и активности  расветли вкупно 9 кривични дела од кои:  3 кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, една „разбојничка кражба“,  пет кривични дела „тешка кражба“ од кои 3 извршени  од продавница, една од куќа и една од комби моторно возило, извршени на подрачјето на Полициската станица Штип, а за кои осмоничени се пет лица на возраст од  17 до 31 година,  сите од Штип. 17 годишен малолетник е осомничен сторител на 3 кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, една „разбојничка кражба“ и една „тешка кражба“  од куќа. СВР Штип работи на целосно комплетирање на случаите по што против сторителите до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени кривични пријави.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетување кај новиот мост.

За време на празничниот викенд неодговорен возач , во чудна состојба и под врелината на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *