Почетна / Црна хроника / Полициски дневник-“удри по полицајци“

Полициски дневник-“удри по полицајци“

Во текот на изминатиот викенд според статистиката на МВР за периодот (15/16/17/18.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип 27 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 14 лица, 3 лица писмено се опоменати, а на останатите земени им се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатиот период на 4 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 52 контроли кај лица во изолација и 141 кај лица во самоизолација.

 

На 17.05.2020 во 23.50 часот во дворно место на Б.А.(25) на ул.„Генерал Апостолски Гочо“ во Кочани, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.А. и М.Г.(21) и А.Г.(20), двајцата од с.Пантелеј, затоаш што Б.А. со употреба на сила попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, интервенција по пријава за пуштена гласна музика. Додека, М.Г. и А.Г. со секири упатувале закани по животот на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.05.2020 околу 01.30 часот полициски службеник од Полициската станица Кочани, при преземање на службено дејствие – контрола на лица и возила затекнати во време на полициски час на ул„Маршал Тито“ во Кочани, била физички нападната од А.М. од Кочани, кој побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

На 17.05.2020 во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 22.45 во семејната куќа во с.Мачево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Г.(28) и неговиот брат Д.Г.(26). Од страна на полициски службеници изготвен е записник за констатиран прекршок по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *