Почетна / Црна хроника / Полициски дневник

Полициски дневник

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (13/14.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип 3 лица не ја почитувале забраната за движење, при што истите се приведени.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие 1 лице потпишало изјава за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 19 контроли кај лица во изолација и 46 кај лица во самоизолација.

 

На 13.05.2020 во 13.20 часот на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани, полициски службеник од Полициската станица Кочани дал знак за запирање на мотоцикл на кој се возеле две лица, но возачот не застанал, го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

 

На 13.05.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Кочани, А.М.(32) од Кочани пријавил дека на 12.05.2020 околу 18.20 часот во близина на спортската сала во Кочани бил физички нападнат од Б.С. од Кочани. По комплетирање на случајот против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 13.05.2020 во Полициската станица Виница, од Итната медицинска помош Виница било пријавено дека околу 13.30 часот за укажување на лекарска помош се јавил К.К.(62) од Виница, кој се здобил со повреди при извршување работни задачи во фабрика во Виница. Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Виница и инспектор за заштита при работа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *