Почетна / Избор на Уредникот / Полициски дневник

Полициски дневник

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (12/13.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип 5 лица не ја почитувале забраната за движење, при што  2 се приведени, a за останатите земени се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие 5 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се 22 контроли кај лица во изолација и 46 кај лица во самоизолација.

На 11.05.2020 во 18.00 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во с.Саса лишен е од слобода О.Н.(24), мигрант од Алжир, затоа што одзел патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, кое во СВР Куманово на 11.05.2020 било пријавено за одземено. О.Н. е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а одземеното возило е вратено на сопственикот.

На 11.05.2020 во 22.10 часот полициски службеници, по наредба од Основен суд Штип, го привеле В.Д.(30) од Штип, при што лицето е спроведено во Затвор Струмица.

На 12.05.2020 во 03.33 часот од страна на полициски службеници, по распишана потерница од затвор Струмица, на ул.„АСНОМ“ во Штип, приведен е М.Д(25) од Штип, при што е спроведен до затворот.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *