Почетна / Црна хроника / Полициски нотес

Полициски нотес

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот  (24/25.06) на ниво на СВР Штип на 47 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 546 контроли кај лица во изолација и 85 кај лица во самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирарни се 44 прекршоци.

 

На 24.06.2020 во 18.00 часот во Плициската станица Штип С.З.(43) од Шти пријавил дека околу 17.00 часот додека неговиот  малолетен син на возраст од 11 години се возел со неговиот велосипед во непосредна близина на спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип непознати малолетни лица физички го нападнале, а потоа насилно му ја одзеле ташничката во која имало мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 24.06.2020 во Полициската станица Свети Николе, К.А.(63) од с.Аџиматово-Лозово пријавил дека околу 15.10 часот во Градскиот зелен пазар во Свети Николе, додека продавал на тезга, бил физички нападнат од страна на Н.П.(33) од Свети Николе. По комплетирање на случајот против Н.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На  24.06.2020 година во 00.40 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 00.10 часот пред кафе бар на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.К.(30) и Д.С.(26), а по кратко време во тепачката учествувале и М.Г.(22) и М.А.(22) сите од Македонска Каменица. На сите учесници во тепачката издадени им се записници за констатиран прекршок.

По претходно добиени оперативни сознанија полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Штип во содејство со полициски службеници од Полициската станица Штип, расветлија 2 кривични дела „разбојништво“, 1 кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело  „тешка кражба“ од куќа извршени од страна на Ѓ.М.(27) од Штип.

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“.

Пријавениот во два наврати, на 16.06. и 23.06.2020  со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет ја отворил влезната врата на куќа на ул.„Личка“ во Штип сопственост  на Р.Ј. (81) од Штип, влегол внатре при што и во двата наврати физики ја нападнал и со закани и одзел златен накит и пари.

Од страна на судија на претходна постапка на Ѓ.М. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *